omega-2-2

Денес и нема многу интересни работи кои можете да ги купите за триста денари, но еве една која може квалитетно да ви го пополни слободното време. Onion Omega 2 е микро компјутер кој чини само 5 долари и има вграден Wi-Fi и HDMI излез, што го прави спремен за веднаш да го поврзете со дисплеј и на интернет.

Како и Raspberry Pi, него нема да може да го користите како стандарден компјутер, бидејќи има процесор со работен такт од само 580 MHz, 64 MB рам меморија и 16 MB простор за складирање податоци. Да, ова го прави многу послаб од главниот конкурент, кој има процесор од 1 GHz и 512 MB рам, но Omega 2 има неколку други адути кои го прават многу интересен (и двата се 5 долари, така да нема причина да не купите еден од нив).

omega-2-1

Имено, Pi Zero нема Wi-Fi ниту HDMI во основниот модел, што значи дека е прилично бескорисен. Omega 2 од друга страна може да се поврзе со Onion Cloud платформата и да се управува целосно преку веб прелистувачот на вашиот компјутер. Уредот доаѓа и со LED лампа која се активира со притисок и може да ги менува боите, а ќе бидат достапни и додатоци, како на пример литиум полимерна батерија.

Onion Omega 2 е веќе достапна преку Kickstarter, каде ги собра сите потребни средства. Преднарачките почнуваат од 23 август по цена од 5 долари, поточно помалку од 300 денари. Доколку сте расположени за вежбање програмирање и хакирање, ова ќе бидат многу добро потрошени пари.

Извор: The Verge, Digital Trends, Kickstarter

Претходна статијаIntel ги најави новите Kaby Lake процесори, ќе имаат многу помоќна графика
Следна статијаКомпјутерски научници бараат да се намали растот на Интернетот