auto-charge

Гигантот од Редмонд се чини е под полна пареа последнава година, особено по купувањето на мобилната дивизија на Nokia. Најновиот „гаџет“ од нивниот арсенал е светилка, која автоматски ќе го следи вашиот смартфон и ќе ја полни батеријата.

Нормално, ова ќе важи за смартфони опремени со соларни панели, кои, како што знаеме, се ретки овие денови, но самото лансирање на ваков уред би значело и проширување на нивното производство.

autocharge_prototype

Она што најмногу фаќа око кај овој тип на полнење е што според информациите од Microsoft, светилката ќе го полни смартфонот со иста брзина како и нормален, жичен полнач за телефон и исто така, автоматски ќе го лоцира телефонот, што значи дека корисникот нема да треба веќе да мисли на барање на полначот низ дома.

Самата светилка ќе користи зрак светлина од инфрацрвениот спектар кој не е видлив за човековото око и ќе биде опремена со специјални, насочени LED диоди. Овој тип на светлина е целосно безопасен, бидејќи не произведува топлина, дури и ако дојде во контакт со човечката кожа, а ниту го загрева смартфонот, бидејќи поголемиот дел од неа се претвора во електрична енергија.

autocharge_prototype-1

Светилката сама ќе го лоцира смартфонот, помогната од неколку камери (како кај Kinect контролерот за Xbox), кои ќе можат да го забележат трепкањето на LED диодата за празна батерија и ќе ја насочат светилката кон него. И не само тоа – ламбата ќе може да ја одреди точната големина на телефонот и според тоа да генерира сноп светлина со различна големина. Исто така, доколку забележи повеќе телефони, ќе ги полни еден по друг, зависно од потрошеноста на батеријата.

Смартфоните, пак, би можеле да бидат опремени со транспарентен соларен панел, кој може да се вгради дури и на површината од предниот дисплеј, односно би бил скоро невидлив за човековото око.

Извор: ZDNet, VentureBeat

Претходна статијаTrackSeries e одличен ТВ водич за Windows 8.1
Следна статијаСледете ги и управувајте со вашите финансии со помош на Monas Expense Manager