lg-foldable-tv-640x336

Замислете, влегувате во некој салон за бела техника и му викате на продавачот „Ај сролај ми еден телевизор!“. Можеби звучи смешно, несериозно и дури и нападно, но така барем LG гледа иднината.

Корејскиот производител спрема нов екран од 55 инчи (не е целосен телевизор, бидејќи ги нема потребните антени и дигитални приемници, но секако би можел да му се приклучи приемник), кој лесно може да го свиткате во ролна, без да го оштетите. Секако, се работи за OLED дисплеј, технологија која моментално е единствената што го дозволува ова.

Многумина од вас ќе помислат дека ваквата технологија е непотребна – зошто би си ги виткале телевизорите, нели? Но, што ако треба да го поместите вашиот телевизор некаде? Или имате викендица на пример и сакате и таму да гледате на поголем дисплеј… Можностите се неограничени и идеите за нивната примена можат само да се прошират.

Исто така, ваквите дисплеи можат многу да им помогнат на професионалците кои работат со видео. Ваквиот екран ќе биде многу полесно пренослив, а ќе има доволна големина за режисерот и камерманите да имаат убав поглед на она што се снима во моментот. Ете, повторно нова идеја.

Првиот ваков телевизор ќе биде само концепт и нема да може веднаш да се купи, но според информации од LG, овие модели ќе можеме да ги видиме во продавниците уште во 2017 година.

Извор: Venture Beat, Ubergizmo

Претходна статијаПротечени спецификациите за Samsung Galaxy S7!
Следна статијаCanon има прототип DSLR апарат со 120 MP и спрема сензор со 250 MP!