atoms1200chip1-100676434-primary.idge

Atom чиповите на Intel последниве неколку години беа апсолутно уништени од ARM конкуренцијата, за што веројатно најмногу крив беше токму Intel, кој редовно каснеше со лансирањето на нови чипови и од година во година заостануваше во перформансите.

Новите T5500 и T5700 Atom процесори базирани на Goldmont архитектурата треба да го променат тоа, но тие нема да се вградуваат во истите уреди како досега, односно телефоните, таблетите и малите лаптопи и „2 во 1“ уреди. Поточно, Intel целосно се откажа од смартфоните, додека за останатите уреди лансираше нови Celeron и Pentium процесори од Apolo Lake генерацијата.

atom-2016_01

Intel почна во големо да вложува во IoT уредите и новите Atom чипови се наменети токму за нив, а благодарение на можноста за енкодирање на 4K видео сигнал и за вградување во преносни VR уреди за гледање на виртуелни содржини. Во споредба со нивните претходници, новите Atom чипови нудат преку 50% повисоки перформанси, што е навистина респектабилно и што ќе им овозможи да бидат покорисни токму за мултимедијалните содржини.

Од друга страна, новите процесори ќе имаат малку повисока потрошувачка на енергија, што веројатно и нема да биде проблем за уредите за кои ќе биде наменет. Новите процесори поддржуваат и камери со 60% повисоки резолуции, што може да биде многу важно доколку некој ваков чип се вгради во уред за изменета реалност, заедно со RealSense технологијата.

intel-joule-1-2x1_575px

Intel лансираше и мини компјутер за дивелоперите, наречен Joule, кој е базиран на овие процесори и кој е своевидна моќна верзија на Raspberry Pi 3. Тој има 3/4 GB рам, 8/16 GB простор, Bluetooth и Wi-Fi и цена од 369 долари.

Извор: FOX Business, Computer World, Liliputing, Anand Tech

Претходна статијаЗапочна второто издание на StartQube летниот камп за бизниси во Охрид
Следна статијаHuawei G9 Plus е 5,5 инчен смартфон со високи перформанси и прилично ниска цена