xps-family-render

Веднаш по претставувањето на новите уреди на Microsoft, на ред се и другите производители на хардвер за Windows 10. Dell штотуку ја освежи успешната XPS понуда од високата класа, со нови XPS 12 и XPS 15, како и подобрен XPS 13.

Сите лаптопи доаѓаат со новата генерација на Intel Skylake чипови, но XPS 12 ќе има чип од Core M серијата, додека другите два ќе имаат процесори од Core i серијата. Причината за ова е што XPS 12 е таблет, со дополнителна тастатура и е веројатно најинтересниот уред од сите.

XPS 12 има 12,5 инчен екран, како што налага името, со Full HD или 4K Ultra HD резолуција, што го прави прв таблет/лаптоп во класата од 12 инчи со толку многу пиксели на екранот. Покрај извонредната острина на дисплејот, таблетот доаѓа исклучиво со 8 GB рам меморија, како и со избор од 128 или 256 GB SSD дискови.

dell-xps-12-1

Тастатурата, на која таблетот се прикачува магнетски е осветлена и со целосна „лаптоп“ големина на копчињата, а на неа има и “Precision” тачпад од стакло. XPS 12 доаѓа и со две Thunderbolt USB 3.0 порти, Thunderbolt 3 и USB 3.1, што значи дека има и најдобро решена поврзливост во класата. Како и секој лаптоп и тука има камери: 8 мегапиксели позади и 5 мегапиксели напред. XPS 12 има почетна цена од 999 долари.

Dell XPS 15 пак е 15,6 инчен лаптоп наменет за професионалците на кои им треба поголем дисплеј. Сепак, рамката околу дисплејот е многу мала, што значи дека целосната големина на уредот ќе биде повеќе како кај 14 инчен уред.

xps-15-render-launch-fixed

Овој лаптоп е достапен со Core i3, i5 и i7 процесори, 8, 16 или 32 GB рам меморија, PCIe SSD до 1 TB, вградена Intel 530 или Nvidia GTX 960M графика со 2 GB рам, две големини на батерии и можност за екран без допир со Full HD резолуција или екран со допир со 4K Ultra HD резолуција. Овој навистина моќен лаптоп почнува од 999 долари.

На крај, еден од најуспешните лаптопи минатава година, XPS 13 доби подобрена изведба, која сега има Intel Skylake процесори и можност за максимум 16 GB рам, односно 1 TB PCIe SSD диск, но другите спецификации остануваат исти, како понудата на 13,3 инчен дисплеј без допир со Full HD резолуција и дисплеј со допир со QHD+ (3200х1800) резолуција.

xps-13-refresh-w10-render-fixed

И овој лаптоп има “Infinite” дисплеј со исклучително мала рамка, што ги намалува целосните димензии. XPS 13 почнува од 799 долари за основната верзија со Core i3 процесор.

Извор: Windows Central (1) (2) (3)

Претходна статијаLaundroid – Машина за перење која ги пегла и здиплува алиштата
Следна статијаHP Envy Curved е заоблен 34 инчен „Се во Едно“ компјутер со Windows 10