rmit-quantum-cropped-100656612-large

Ултра брзите квантни компјутери се дефинитивно иднината, но досега истражувањата не покажуваа на дефинитивен концепт преку кој тие ќе можат вистински да функционираат за поширока употреба. Проблемот е qubit-от, кој има две состојби во исто време, исто како и квантните честици.

Па, како работи еден квантен компјутер? За разлика од обичните компјутери, кои имаат јасно дефинирана состојба на битовите – 0 или 1, квантниот компјутер има qubit-ови, кои можат да бидат и 0 и 1 во исто време, односно се нарекува суперсостојба.

Ова се истите својства што ги имаат малите честички во квантната физика, кои можат да постојат и да не постојат во исто време. Исто така, квантна честичка може да е врзана со друга честичка во таканаречената „Квантна Поврзаност“ независно од тоа колку се тие далеку. Квантниот компјутер работи на тој начин што се прави комбинација на многу различни состојби на qubit-овите, односно сите можни комбинации се достапни во секој момент, што ги прави фантастично многу побрзи во однос на обичните чипови.

Проблемот кај qubit-овите е што трансферот на информациите до меморијата или дискот преку нив е скоро невозможен – дури и најмало поместување на qubit-от ја менува неговата состојба. Научници од Австралија, односно Универзитетот RMIT, Универзитетот за Наука и Технологија во Кина и Италијанскиот Национален Институт за Истражување, најдоа начин како да се пренесат информации преку qubit-овите без да биде сменета нивната состојба, односно преку светлина.

Бидејќи светлината е всушност составена од честички наречени фотони, тие можат да бидат qubit-овите во квантниот компјутер. Преносот се врши преку специјални цевки низ кои се води зракот светлина и каде се задржува квантната состојба на честичките со чистина од 97,1%. Ваквиот напредок најавува многу побрзо пристигнување на квантните компјутери, веројатно за неполна деценија по слободна проценка.

Квантните компјутери инаку се најавува дека ќе бидат голем исчекор кон Вештачката Интелигенција, бидејќи ќе овозможат фантастични можности за брзо учење кај машините.

Извор: PC World, Cosmos, Gizmag

Претходна статијаСончеви панели кои работат и на дожд
Следна статијаLeEco претстави три супер евтини Android смартфони од кои едниот има 6 GB рам