Сите кои некогаш слушнале за копање биткоини, знаат дека тој процес се прави со помош на графички картички. Врзувањето на повеќе графички во серија досега се правеше со врзување во серија на повеќе (специјални) матични плочи, но отсега тоа ќе може да се направи само со една матична плоча.

Asus, еден од најпознатите производители на матични плочи во светот лансира нов модел, кој има неверојатно 19 PCI-e слотови, на кои може да се стават графички картички. Ова значи дека на истата матична може да врзете дури 19 графички во серија, кои се најчесто добар почеток за оние кои сакаат да почнат со копање на биткоини. И самото име на матичната кажува за која група на купувачи е наменета – се вика B250 Mining Expert.

Asus препорачува и користење на специјални Asus Nvidia P106 графички картички, кои се верзија на Nvidia GTX 1060 наменета специјално за копање биткоини.

Доколку ги изберете токму тие графички и направите систем за копање биткоини со искористување на сите 19 слотови, ќе завршите со систем со 24.320 CUDA графички јадра и тоа без дополнителниот Intel Skylake процесор кој мора да се вгради за да го покрене системот. Според Asus, резултатот од ваква комбинација се 407 мегахашови во секунда (начинот на кој „копачите“ ги мерат своите системи), што е прилично добра бројка, особено за една матична плоча. Засега не е позната цената на оваа матична плоча, но веројатно не треба да нагласувам, не очекувајте да биде евтина.

Извор: The Register, TechSpot, AnandTech

Претходна статијаПолицијата на Њујорк ќе ги менува Windows телефоните за iPhone
Следна статијаGoogle Maps ќе понуди асистенција при пронаоѓање на паркинг место