acerchromebook14

Лаптопите со десктоп оперативниот систем на Google, Chrome OS, досега беа само евтина алтернатива на Windows преносните машини. Acer сака да ги промени работите со новиот Chromebook 14, кој има прилично луксузен дизајн со алуминиумска изработка и батерија која може да издржи 14 часа со едно полнење.

Дисплејот, како што кажува и самото име на лаптопот има големина од 14 инчи и доаѓа во две изведби – со резолуција од 1366х768 пиксели и 1920х1080 пиксели. Двете изведби се IPS, што значи дека корисниците може да очекуваат живи и природни бои, како и одлична видливост од екстремните агли.

acer-chromebook-14-cb3-431-rear-left-facing-1

Како и повеќето лаптопи со Chrome OS, сепак не очекувајте моќни компоненти. Процесорите се од Celeron серијата, во изведби со две или четири јадра, кои се пред се наменети за лесни задачи, како сурфање на интернет, гледање филмови, пишување документи и слично. Сепак се работи за оперативен систем кој се базира на веб прелистувач, па посилни компоненти не се ни потребни.

Лаптопот ќе биде достапен со 2 или 4 GB рам меморија и 16 или 32 GB простор за складирање податоци. Причината за ова е што Chrome OS е прилично лесен оперативен систем и скоро сите податоци ги зачувува во “cloud”. Chromebook 14 сепак има два USB 3.1 влезови доколку сакате да поврзете екстерна меморија или пак дополнителен маус, како и HDMI излез за приклучување на поголем монитор.

acer-chromebook-14-cb3-431-from-above-1

Засега е позната цената само на најмоќниот модел, со процесор со четири јадра, 4 GB рам и 32 GB простор, кој во САД ќе чини 300 долари. Споредено со Windows лаптопите во овој ранг, ова и не е евтино, особено со оглед на ограничувањата на оперативниот систем, но за високата цена веројатно се „криви“ алуминиумската изработка и IPS дисплејот со Full HD резолуција.

Извор: PC World, The Verge

Претходна статијаВо четврток во “Стоби“ ќе се одржи новото издание на Бизнис кафе Македонија
Следна статијаXiaomi претстави паметен готвач на ориз