7675949_G

Досетливоста на жена од САД да ја искористи мобилната апликација од познатата пицерија Pizza Hut, довела до успешно разрешување на потенцијално опасната ситуација. Поточно, жената била држена како заложник заедно со своите деца по расправија со нејзиниот дечко.

Таа успеала да го натера него да и го врати мобилниот телефон за да нарача пица преку мобилната апликација. Апликацијата покрај можноста за нарачки, имала простор за оставање на коментари кои што не се дел од главната нарачка. Жената во тој дел напишала „Ве молам помогнете ми. Повикајте 911 кај мене. 911 заложник помогнете“.

Фактот дека таа била редовен купувач и била препознаена, довело до тоа да вработените во Pizza Hut навистина викнат полиција, наместо да мислат дека некој се шегува со нив. Таа дури ја има нарачано стандардната нарачка која што најчесто ја прави.

Полицијата дошла на местото, па по 20 минутни разговори успеала да го наговори мажот да ги ослободи жената и децата.

Извор: Ars Technica, Highlands Sheriff

Претходна статијаGoogle со повеќе пребарувања од мобилен наспроти десктоп
Следна статијаOculus Rift ќе биде достапен за корисниците од почетокот на 2016
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.