IMG_0071

Најавувајќи неколку новини поврзани со нивниот систем за прикажување на реклами, Google AdWords, од компанијата исто така истакнаа дека пребарувањата постепено почнуваат повеќе да се прават од мобилните уреди, отколку од десктоп компјутерите.

За жал од Google не даваат повеќе детали од едната реченица во која што истакнуваат дека тоа е случајот со 10 земји во светот, меѓу кои и САД и Јапонија. Кои се другите 8 земји од компанијата моментално не сакаат да кажат, која и да е причината.

Исто така, од Google не истакнуваат кој е соодносот на пребарувањата помеѓу мобилните уреди и десктоп компјутерите. Дали статистиките кои што до крајот на 2014 покажуваа прилично голема разлика помеѓу овие две платформи во корист на десктоп, биле неточни или порастот на пребарувањата од мобилен нагло пораснале во овие 10 земји.

Она што е познато е дека во статистиките се издвоени мобилните телефони и пребарувањата преку мобилната верзија од Google, како и Google Search апликациите. Таблет компјутерите не влегуваат во оваа статистика, односно тие се ставени заедно со десктоп компјутерите.

Без разлика на моменталната штедливост на информации од страна на Google, не е воопшто тешко да се замисли дека вакво нешто се има случено. Тоа е нешто што и се очекува со тек на време, со оглед на се поголемиот број на активности кои што корисниците ги прават преку своите паметни телефони кои што стануваат поголеми и со појаки перформанси.

Инаку, промените кои што Google ги претстави на својата AdWords платформа се мотивирани токму од овие резултати. Тие воведуваат подобар формат на рекламите на мобилните прилагодени за екраните на допир, а исто така воведуваат неколку нови формати наменети за продавачите на автомобили и хотелските услуги, меѓу другото.

Извор: Google, Search Engine Land, The Verge

Претходна статијаОткриена најдалечната галаксија во Универзумот
Следна статијаАпликацијата на Pizza Hut искористена за барање на помош од полицијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.