Фото: Tesla

Tesla Cybertruck, кој повеќе пати беше одложуван, а доста силно беше најавен, посебно со футуристичкиот изглед, конечно ќе почне изгледа да се продава.

Додека тоа точно да се види, односно дали и кога ќе почне продажбата и доставата на возилата, сега имаме едно интересно видео кое Елон Маск го сподели на X.

Во ова видео, кратка трка е направена помеѓу Porsche 911 и Cybertruck кој зад него влече уште едно Porsche 911. Јасно е дека во оваа трка победува Tesla возилото, инаку не би била направена оваа трка воопшто и потоа објавена.

Видеото можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаДесетгодишно дете од Англија поднесе петиција до Apple за промена на „емоџи“ иконата која се нарекува „бубалица“
Следна статијаТужба против Meta за воведувањето на месечна претплата како алтернатива на следењето во рекламни цели
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.