Фото: Shutterstock.com

По најавата дека Meta планира да воведе месечна претплата за корисниците во ЕУ, со цел овозможување на користење на нивните мрежи без користење на податоците од корисниците за рекламни цели, сега компанијата ќе добие тужба за истото.

Целта на Meta, а според информациите тоа е одобрено од суд во ЕУ, е да се усогласи со законите од Унијата за приватност, односно да им овозможи на корисниците корисничко искуство без реклами и без нивно „следење“.

Сепак, според организацијата „nyob – none of your business“, ова не е алтернативата која треба да ја имаат корисниците и која е замислена со европските закони.

Во основа, корисниците треба да можат да изберат дали сакаат или не сакаат да гледаат реклами и со тоа нивните податоци да се користат за прикажување на овие реклами. Потребата од плаќање за вториот избор, не е баш избор, а според организацијата правото на корисникот да не биде следен не треба да е „на продажба“.

Според нив, на ова треба да се додаде и високата цена за тргање на рекламите и следењето која е околу 280 евра годишно.

„Основните права не можат да бидат на продажба. Дали следно ќе платиме за правото на глас или за правото на слободен говор? Тоа би значело дека само богатите можат да ги уживаат овие права, во време кога многу луѓе се борат да врзат крај со крај. Воведувањето на оваа идеја во областа на вашето право на заштита на податоците е голема промена. Ние би се бореле со ова по судовите.“ – истакнуваат од nyob.

Логиката на организацијата е доста добра, но секако има простор за дискусија. Од Meta се бранат со тоа дека тие имаат добиено дозвола за ова од Судот на правда на Европската Унија, а даваат и слични примери на нивниот со месечните претплати за тргање на рекламите кај YouTube и Spotify.

ИЗВОРMalwarebytes Labs
Претходна статијаTesla Cybertruck побрз во трка со Porsche 911 додека со себе влече друг 911
Следна статијаНеофицијално: Windows 12 ќе биде претставен во јуни идната година со главен акцент на вештачката интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.