Фото: BBC видео

Теди, десетгодишно дете од Пепард, Оксфордшир, поднесе петиција до Apple со која бара да биде променета „емоџи“ иконата која популарно е замислена да ги претстави таканаречените „бубалици“.

Причината за оваа петиција е тврдењето на Теди дека оваа икона им прави проблем на луѓето кои носат очила, односно ги асоцира со „бубалиците“, односно „nerds“ на англиски.

Тој има и сопствен предлог за тоа како треба да изгледа оваа икона, па на местото на смешните заби кои треба да асоцираат на бубалица, тој става мала суптилна насмевка.

Петиција е пуштена до Apple, каде оваа икона е оставена да биде иста како што е замислена од страна на Unicode Consortium, а на другите платформи има мали промени.

Идејата за петицијата доаѓа од неговата наставничка, Лиса, а мора да се заклучи дека ова е веќе стандардно во повеќето западни училишта. Децата се учат дека треба лесно да бидат навредени, па „борбата“ против работите кои ги навредуваат им ја продаваат како јачина.  

Иконата која ја предложува Теди е навистина добра и може да се додаде како нова икона, па луѓето со очила да си имаат и своја ваква верзија. Сепак, сметам дека иконата од бубалица треба да остане таква.

ИЗВОРApple Insider
ИЗВОР 2BBC
Претходна статијаMicrosoft го доби најавеното место во одборот на директори на OpenAI
Следна статијаTesla Cybertruck побрз во трка со Porsche 911 додека со себе влече друг 911
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.