Netflix, кои досега во САД имаа неколку краткорочни продавници, во 2025 планираат да отворат продавници во неколку градови од земјата. Овие продавници ќе биде направени да понудат познато искуство од некои од нивните филмови и серии.
Netflix House е името на овој проект, а корисниците во продавниците ќе можат да купуваат работи, но и да играат, како и да јадат. Може да се каже дека ова ќе биде еден вид на комбинација на ресторан со продавница.
Производите, како и храната ќе бидат направени во стилот од филмовите и сериите, односно корисниците покрај тоа што ќе можат да купат одредени работи, ќе можат да јадат храна која е карактеристична во некои од видеата.
Се’ уште не е познато во кои градови се планира отворањето на Netflix House, но од нивниот успех зависи проширувањето на оваа новина и во други земји и градови во светот.