Microsoft најави нова верзија од познатиот Flight Simulator

Играта беше најавена на E3, а за истата нема многу информации, освен одличното 4К видео

Microsoft Flight Simulator беше една од најпознатите игри „на времето“, барем во своја категорија. Реалноста на симулацијата на летање на разни авиони и хеликоптери ја направи играта популарна, па дури и кај тие кои навистина сакаат да учат да бидат пилоти.

Сепак, оваа игра одамна нема нова верзија, а едно време имаше и најава дека друга компанија ќе продолжи со развојот.

Microsoft за време на E3 конференцијата која се одржува овие денови најави дека планира пуштање на нова верзија од Flight Simulator. Оваа верзија ќе биде помогната од вештачката интелигенција преку Microsoft Azure, а тука е и помошта од сателитските слики.

Со оглед на тоа дека нема повеќе детали за тоа кога може да се очекува оваа игра, освен тоа дека ќе биде достапна на Microsoft платформите, како и преку новиот сервис за игри со претплата, видеото е се што имаме како најава за оваа игра.

Ако се цени од видеото, играта ќе биде незаменлива кога се во прашање симулациите на летање, а 4К погледот на леталата и градовите е одличен.

Видеото е на почетокот од статијата, па можете и самите да видите што може да се очекува.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаFirefox ќе има премиум додатоци кои ќе овозможат дополнителна независност на Mozilla
Следна статијаAMD го претстави Ryzen 9 3950X – процесор со 16 јадра наменет за гејмерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.