Fotrnite е една од повеќе популарните игри за која доста се чекаше да стане достапна на Android платформата. Пред некое време може да се каже дека тоа се случи, меѓутоа „среќа“ имаа само корисниците на Samsung Galaxy за чии уреди ексклузивно беше достапна оваа игра.

Иако по одреден период бета верзијата им беше понудена и на други корисници, бројката сепак беше ограничена.

Сега играта е достапна за сите Android корисници или поточно кажано за сите корисници чии телефони можат да ја играат оваа игра која сепак бара нешто подобри перформанси. Листата на поддржани уреди можете да ја видите на овој линк.

Инаку, доколку сакате да ја инсталирате играта, тоа можете да го направите само преку страната на Epic Games, развивачот на играта.  Истата има сопствена систем за инсталација, па познато е дека во Play Store се достапни игри кои наводно се Fortnite, меѓутоа се работи за еден вид измама.

Претходна статијаПовисока интелигенција: Huawei ja открива HUAWEI MATE 20 серијата
Следна статијаAdobe Photoshop CC доаѓа на iPad во 2019
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.