Можеби повеќето корисници го користат Gmail сервисот од Google, но Yahoo сепак не се предава и продолжува со додавање на нови и корисни функции на својот редизајниран имејл сервис.

Оваа недела Yahoo Mail добива поддршка за прикажување на линковите во форма на информативни карти, наместо само како обичен текст со сина боја. Можноста е наречена Link Previews и е достапна на почеток за корисниците од САД на десктоп, по што во брзо време ќе биде пуштена за останатиот дел од светот.

Приказот на линковите на овој начин сигурно им е познат на многу корисници. Тие вака се прикажуваат веќе одреден период во Viber, Skype, Slack и на други можеби помалку познати сервиси.

При ставање на линк во пораката, истиот собира информации од страната до којашто линкува и наместо само текст, се прикажува во форма на картичка на која има слика, наслов на статијата, но и информации како авторот на статијата, цена доколку има производ, наслов на филм и слично.

Корисниците дури ќе имаат можност да ја изберат големината на картичката и нејзината позиција, како не би сметала на остатокот на пораката.

Покрај ова, примачите на пораката ќе можат да го споделат линкот директно од пораката на некоја од социјалните мрежи.

Со овие промени се воведува и можноста за отворање на видео и аудио содржина директно од пораката од сервиси како YouTube, SoundCloud, Tumblr, Vimeo и повеќе.

Со ова Yahoo овозможува побрзо завршување на работата, односно притискање на линкот доколку од картичката корисникот смета дека му е корисен и интересен, односно многу помала потреба за напуштање на страната и работа со повеќе табови.

Извор: Yahoo

Претходна статијаMicrosoft работи на алатката за лесно портирање на Chrome екстензии во Edge
Следна статијаЗаканата од ВИ – Microsoft мисли дека знае како да ја поништи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.