outlook-com

Корисниците веќе одреден период имаа можност да го користат Skype преку нивниот Outlook.com веб сервис директно од нивниот прелистувач. Оваа функција беше достапна за одредени пазари, а од оваа недела овој сервис е достапен за сите корисници во светот. За користење на оваа можност, корисниците е потребно да ги поврзат двете сметки, односно да наместат достапност на Skype кога се во нивниот Outlook.com inbox.

Со светската достапност, Skype for Outlook.com донесува и одредени нови функции, па така сега корисниците ќе може покрај стандардните пораки и повици, да прават и HD видео повици. Можноста за обични аудио повици е исто така достапна. За да може да ја користат оваа функција преку нивниот прелистувач корисниците треба да симнат и инсталираат додаток за прелистувачот кој што е достапен преку следниот линк. Додаток е достапен и за корисниците на Safari на OS X оперативниот систем од Apple.

3

Исто така исправен е и проблемот кој што предизвикуваше да корисниците кои што се во исто време поврзани на Skype на нивниот десктоп и на Outlook.com кога добиваат повик и ќе го одговорат преку една од верзиите, другата да продолжи да ѕвони.

Извор: Skype Blogs

Претходна статијаFacebook сака да донесе интернет во неразвиените земји преку беспилотни летала
Следна статијаВидео презентација на Apple CarPlay во Volvo
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.