s50_farm_1366

Според информации до кои што има дојдено порталот TechChrunch, Facebook е во разговори за купување на Titan Aerospace, компанија во развој со седиште во Texas. Оваа компанија е позната по развивањето на беспилотни летала, односно познато наречени дронови, кои што работат преку соларна енергија. Поточно тие имааt батерија која што се полни за време додека леталото е изложено на сонце, со што му овозможува останување во воздух до 5 години, без потреба од слетување.

Според информациите вредноста на договорот изнесува 60 милиони долари, а Facebook е заинтересиран за оваа компанија поради планот да донесе интернет во неразвиените делови од светот, како што се земјите од Афричкиот континент, каде што и се планира да започне овој проект. На почеток планирана е изработка на 11.000 дронови од моделот Solara 60 на оваа компанија.

На следното видео можете да ги погледнете достапните летала од оваа компанија и нивните можности.

Извор: TechChrunch

Претходна статијаFacebook Messenger достапна на Windows Phone 8
Следна статијаSkype for Outlook.com достапен за сите, донесува HD видео повици
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.