Screenshot 2015-04-20 14.17.20

Google веќе одамна овозможува проверка на вашата историја на пребарувања, се разбира доколку немате избрано истата да не се чува и следи (што не ве заштитува целосно од следењето за реклами и слично).

Од оваа недела, доколку ја користите можноста за чување на историјата на пребарувањата, истата ќе можете да ја симнете и да ја имате на вашиот компјутер. За да го направите истото треба да ја отворите вашата Web and App Activity страна и да притиснете Download на менито во горниот десен агол.

Screenshot 2015-04-20 14.25.36

Историјата се додава во Takeout папката во Google Drive по што можете да ја симнете, а кога истата ќе биде спремна за истото, ќе бидете известени преку email порака. Симнувањето на вашата историја на пребарувања не ја брише истата од серверите на Google.

Доколку не сакате историјата да биде чувана, можете да ја исклучите преку истото мени и да ја избришете до тогаш зачуваната.

Од Google истакнуваат дека исклучувањето на историјата не го прекинува целосно следењето на вашите пребарувачки навики, односно нивното подобрување преку колачиња и слично.

Извор: Google, VB, TNW

Претходна статијаSamsung нема да го користи својот бренд за Galaxy S6 во Јапонија
Следна статијаWindows Phone 8.1 Update 2 – што е ново?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.