keysweeper-780x482

Пред да почнете да паничите, да спомнеме дека Keysweeper работи само со безжичните тастатури на Microsoft, и тоа оние кои работат на 2.4 GHz, не вклучувајќи ги тука и Bluetooth тастатурите.

Шпионскиот полнач безжично ги регистрира буквално сите напишани букви од тастатурата и може да ги прати по СМС. На пример, истиот би бил корисен за откривање на корисничките имиња и лозинките, доколку „случајно“ го заборавите кај некого дома. Исто така, Keysweeper знае да препознае кога шпиунираниот ќе внесе веб сајт, како на пример facebook.com и веднаш после тоа да ги сними податоците, како корисничкото име и лозинката.

И немојте да помислите дека ќе престане да работи доколку го исклучите од струја, бидејќи уредот има вградени батерии и може да работи уште многу часови само со енергијата од нив, иако, ја гаси вградената диода и делува како да нема енергија.

spysmall

Keysweeper чини од 10 до 80 долари, зависно од тоа кои функции сакате да ги има. На пример, може да се вгради меморија, која ќе ги зачувува сите податоци (2 долари), или пак да се вгради сим картичка која ќе ги праќа истите по СМС, повик или интернет (45 долари). Дури и батеријата е опција и чини 5 долари. Самиот чип, кој комуницира со безжичната тастатура чини само 1 долар.

Уредот не е на продажба, но неговиот креатор Семи Камкар во следното видео детално објаснува како може да се направи:

Идејата на Keysweeper е да ги извади на површина недостатоците на безжичните тастатури, кои работат без новата, 128 битна AES енкрипција, која ги вклучува тастатурите на Microsoft, но и многу други постари безжични тастатури. На ова, се огласи и софтверскиот гигант од Редмонд, според кој, проблемот го имаат само тастатурите произведени до 2011 година. Сепак, Камкар набрзо објави и слика од неговата Microsoft тастатура, која е произведена пред само една година!

screen-shot-2015-01-14-at-3-41-51-pm

Наскоро, хакерот ќе го тестира уредот и на други постари тастатури, кои ја немаат 128 – битната енкрипција. За сите оние кои сакаат наскоро да купат безжична тастатура, еве и причина повеќе добро да се загледате во спецификациите и да видите дали истата има таква заштита.

Извор: VentureBeat, TechCrunch

Претходна статијаSamsung Galaxy S6 сепак нема да биде целосно метален ?
Следна статијаКонтролирајте го вашиот Windows Phone телефон преку компјутер со Easy Transfer