IMG_0045

Easy Transfer е супер апликација која овозможува поврзување односно менаџмент на вашиот Windows Phone телефон преку веб прелистувач на компјутер со Wi-Fi конекција, што значи дека нема да имате потреба од USB кабел за да извршите некои основни и брзи активности.

Често пати е нарекувана како “AirDroid за Windows Phone“, бидејќи AirDroid недостасува на Windows Phone маркетот, ниту пак некогаш била најавена за доаѓање на оваа платформа. Моментално се смета за една од најкорисните апликациии кои воопшто можат да се сретнат во Windows Phone телефоните.

easy-transfer-wp-1

За разлика од AirDroid која е апликација со цел куп можности и живее во многу поразвиена платформа, Easy Transfer е далеку посиромашна кога станува збор за што сѐ можете да направите со неа. Моментално, овозможено е само копирање и преземање на различни фајлови и фолдери од компјутер на телефон, па и обратно. Исто така постои можност за продукција на видео од самиот веб интерфејс кој навистина изгледа ужасно, но сепак си ја извршува функцијата.

Мора да се спомне дека поддржани се сите веб прелистувачи и оперативни системи. За жал, не постои десктоп апликација и не се знае дали наскоро ќе има. Но, со оглед на популарноста, оваа идеја можеби ќе се реализира во блиска иднина.

Достапни се две верзии и тоа: Easy Transfer Pro и Easy Transfer Free. Pro верзијата доаѓа со поголема сигурност и ќе ве чини 1.99 долари, додека Free верзијата е бесплатна, но со реклами на самиот интерфејс.

Претходна статијаПолнач за телефон? Не, уред кој го следи секој клик на вашата тастатура!
Следна статијаСупер Марио стана самосвесен