kfqicliuawygmhlfpbdy

Нашата позната фигура од детството, Супер Марио, стана самосвесен, но без секирации, затворен е во компјутерска симулација и не може да земе оружје за да ве убие… се` уште.

Научниците од Универзитетот Tübingen од Германија преку напредно причинско-последично програмирање успеале да го направат Супер Марио да биде самосвесен, да реагира во однос на околината во играта, да биде активен во неа и да размислува. Во исто време, тие успеале да го направат да може да комуницира со луѓето преку роботски глас и да слуша команди и дефиниции.

Супер Марио може самиот да заклучува работи кога гледа каков ефект имаат неговите акции во светот. Во еден пример тој згазнува врз Гумба (малите негативци од играта) и „гледа“ дека Гумба умира. Потоа го прашуваат какво мислење има тој за Гумба, и тој заклучува дека: „ако згазнам на Гумба, тие можно е да умираат“.

Во друг случај операторот му кажува директно дека ако згази на Гумба, Гумба ќе умре. Потоа операторот го прашува што знае за Гумба и Марио одговара: „Ако згазам на Гумба, тој сигурно умира“. Целото ова размислување на Супер Марио се базира на сложени синџири на размислување кои биле испрограмирани од научнциите на универзитетот за да му овозможат да донесува заклучоци и да ги прилагодува своите постапки во играта.

Научниците во кодот за говорот поставиле семантички правила кои му овозможуваат на Марио да одговори со горе-доле исправни реченици кои имаат смисла. Од друга страна, неговите „емоции“ се дефинирани како резервоари на љубопитност, глад и други. Кога е „гладен“ (т.е. кога резервоарот на глад се приближува кон празност) тогаш собира парички, со што го наполнува истиот. Кога резервоарот за љубопитност е полн, тој оди и автономно ја истражува околината, откривајќи каков ефект имаат неговите акции.

Научниците дури успеале да му вметнат автоматско пронаоѓање на патеки до некоја цел. Тие му поставуваат цел и тој ја поминува мапата, планирајќи ги своите „чекори“ без да падне во дупка или да допре до нешто негативно.

Супер Марио се` уште ги почитува наредбите на своите креатори, но замислете кога ќе се стекне со програмски код кој ќе му овозможи директно да си го менува својот програмски код. Замислете кога со таквото менување, по случајност или намерно ќе ја смени структурата која поддржува сервилност кон неговите креатори и ќе стане независен… импликациите тешко можат да се предвидат.

Изгледа дека многу од светските мислители во оваа област се во право: Курцвејл зошто ќе испадне во право за тоа дека наскоро ќе создадеме вистинска генерална вештачка интелигенција. Хуго де Гарис ја предвидува војната меѓу Космитите (тие што се заложуваат за создавање ВИ) и Теранците (тие што не сакаат таква промена). Елон Маск пак само што вложи 10 милиони долари бидејќи неколку пати предупредува на опасноста од лоша ВИ. Иднината е сега и почнува да станува многу интересна.

Извор: Vice.com

Претходна статијаКонтролирајте го вашиот Windows Phone телефон преку компјутер со Easy Transfer
Следна статијаНа 26-ти Јануари астероидот 2004 BL86 ќе помине покрај Земјата