Elon_Musk_-_The_Summit_2013

Иако претприемачот-чудо Елон Маск е оптимист за работи кои денес ни се гледаат како ептен далечни како што се патување на Марс за некоја година, електрични возила и приватна иницијатива за освојување на вселената, изгледа дека не е толкав оптимист кога се работи за вештачката интелигенција (ВИ).

Во последниот јавен настап на Маск при Њу Естаблишмент Самит од Венити Фер тој изјави дека генералната популација нема добра перцепција за тоа колку бргу ВИ (би можела да) се развива и колку во истото има опасност, во една прилика ставајќи ја како поопасна од нуклеарната воена технологија. Во овие сомнежи тој не е сам бидејќи пред некое време и Стивен Хокинг му се придружи на неговиот добар-ВИ скептицизам изјавувајќи дека можно е ВИ да се развива толку бргу што воопшто нема да се грижи за луѓето и дали ќе им предизвика штета. Елон Маск изјави дека: „… Особено ако [ВИ] е вклучена во себеподобрување … и ако нејзината функција е нешто што е лошо за човештвото, тогаш тоа ќе има многу лош ефект… Ако нејзината [функција] е нешто како ослободување од спам-пораки и одреди дека најдобриот начин за ослободување од спам е да се ослободи од луѓето…“.

Вештачка неврална мрежа за автоматизирано учење од страна на ВИ

Ваквиот став на Маск е до некаде оправдан земајќи предвид дека во случај на технолошки сингуларитет (за кој се претпоставува дека ќе се случи на средината на овој век) технологијата ќе се развива со таква брзина што ниту најинформираните и најбрзите луѓе нема да имаат капацитет воопшто да го перцепираат овој развиток. Некои песимисти околу ефектите од ваквиот брз развиток на технологијата одат до таму што претпоставуваат дека ќе настане и војна со милијарди жртви меѓу технологистите и техно-аверзистите, како што кажува математичарот Хуго де Гарис.

Од друга страна, други футуристи како Реј Курцвејл се далеку пооптимистички за изгледите на идната ВИ која според нив ќе биде пријателски расположена кон луѓето, па дури и ќе ги помага. Третата страна, која сметам дека е најточна, е таа која вели дека технологијата и ВИ ќе се интегрира со луѓето и ќе постанат една заедничка распостранета мрежа на информации која ќе се гледа како горе-доле унитарен организам или групи на организми и дека очекуваната агресија меѓу ВИ и луѓето е малку веројатно да настане или ќе има ограничен ефект.

Како што се наближува моментот во кој би требало да се случи технолошкиот сингуларитет оваа дебата се зажештува и наизглед се поклопува со предвидувањата на де Гарис. Да се надеваме дека ќе го извлечеме морковот место стапот од овие возбудливи времиња во кои имаме потенцијал да создадеме далеку понапредно суштество од нас самите, ВИ, и да достигнеме космичка релевантност.

Извор: CNet

Претходна статијаКометата Siding Spring ќе помине блиску до Марс, NASA ќе ги сокрие сателитите во неговата орбита
Следна статијаGoogle официјално ги претстави Android 5.0 Lollipop, Nexus 6, 9 и Player