potentially-dangerous-asteroid-earth

Шансите за судир на Земјата со некој друг поголем вселенски објект се неверојатно мали. Земјата е толку безнадежно мала и оддалечена од секакви други објекти што тоа ги намалува шансите за судар до толку што овозможило да се развие жив свет кој довел и до самосвесни суштества и цивилизација. Сепак, се претпоставува дека поради удар од астероид изумреле диносаурусите, како и дека Месечината е резултат на судар помеѓу Земјата и некој друг планетоид.

Сега астрономите известуваат дека нов објект, астероидот 2004 BL86 ќе помине прилично близу покрај Земјата. Астероидот ќе помине на растојание од 1.192.000 километри што е доволно далеку за да нема никакви последици по Земјата. Но ваквата близина ќе овозможи студирање на астероидот со голема прецизност. Дури и астрономите-аматери ќе можат да го анализираат, а за да се види ќе биде доволен обичен телескоп, па дури и двоглед.

Астероидот е отприлика половина километар широк. Според Дон Јоманс, екс-управителот на NASA Near Earth Object Program Office, астероидот „не содржи опасност по Земјата во блиската иднина“. Научниците од НАСА ќе го анализираат астероидот со слики направени од радар како што ќе се доближи до Земјата, што ќе им овозможи да добијат детална слика од истиот.

Патеката на 2004 BL86 во однос на Земјата

 

Инаку ваквите вселенски тела, како што напоменав погоре, многу ретко удираат во Земјата, па дури и поминуваат покрај неа. Последниот таков судар се верува дека се случил во Креда-Терциер периодот (пред отприлика 66 милиони години) кога болид широк 10 километри удрил во денешно Мексико, предизвикувајќи масовно уништување на живиот свет дури до 97%. Затоа е многу потребно да продолжиме да ги следиме вселенските објекти за да ги намалиме шансите некој ваков објект да не` изненади и да предизвика крај на живиот свет на Земјата.

Извор: CNet

Претходна статијаСупер Марио стана самосвесен
Следна статијаЛиста на најлоши лозинки за 2014 – Корисниците продолжуваат да ги користат 123456, password и слични