Во денешното време на интернет, повеќето корисници имаат разни сметки, од различни сервиси. Некои од нив може да се важни и поврзани со работа, додека други приватни и можеби не толку важни. Без разлика за што се работи, заштитата на овие сметки се прави помеѓу другото, со избирање на добра лозинка која што не е баш лесна за пробивање.
Меѓутоа, огромен број на корисници користат лозинки кои што се навистина лесни за пробивање и не е потребно поседување на големи хакерски способности за нивно дознавање и најавување на саканите сервиси.
SplashData во последните неколку години прави листа на најлоши лозинки кои што се користени од страна на корисниците во изминатата година. Информациите за користените лозинки се собираат од неколкуте случаи на протечени лозинки од корисниците. За правење на листата се користени лозинки во главно од САД и Западна Европа, па оваа листа не се однесува на целиот свет.
Од листата може да се види дека корисниците продолжуваат да ги користат неколку од најлошите можни лозинки како 123456, password, qwerty и слични. Овие лозинки се наједноставни за запомнување од страна на корисниците, но исто така се толку очигледни, што се најнесигурни за користење.
Листата на топ 25 најлоши користени лозинки за минатата година е следната:
- 123456 (непроменета од 2013)
- password (непроменета)
- 12345 ( +17)
- 12345678 (-1)
- qwerty (-1)
- 1234567890 (непроменета)
- 1234 (+9)
- baseball (нова)
- dragon (нова)
- football (нова)
- 1234567 (-4)
- monkey (+5)
- letmein (+1)
- abc123 (-9)
- 111111 (-8)
- mustang (нова)
- access (нова)
- shadow (непроменета)
- master (нова)
- michael (нова)
- superman (нова)
- 696969 (нова)
- 123123 (-12)
- batman (нова)
- trustno1 (-1)
Доколку се пронаоѓате во некоја од лозинките во оваа листа или користите лозинки кои што се слични на овие, се препорачува да ги промените. Доколку имате повеќе лозинки и ви е тешко да ги помнете, најдобро е да користите некој од достапните Password менаџери кои што овозможуваат и генерирање на сигурни лозинки, а вие треба да ја запомнете само главната.
Извор: PRWeb