NajdiDom-Marketing6

СКОПЈЕ – 23 февруари 2016 – НајдиДом.мк продолжува да работи на ветувањето кон своите корисници да овозможи брзо, лесно и бесплатно пребарување низ сите огласи за недвижнини во Македонија. Корисниците на НајдиДом.мк досега можеа да ги пребаруваат огласите од Пазар3, Реклама5, Врапче и НовПазар од едно место, а сега, со додавање на огласите од Имоти.мк, Имоти247.цом и Метар2.мк им се овозможува пристап до уште повеќе огласи за недвижнини.

„Задоволни сме со досега постигнатите резултати но продолжуваме напорно да работиме на нашата идеа барањето нов дом да го направиме уште поедноставно и помалку стресно,“- рече Игор Стаматовски, косопственик на НајдиДом. „Со додавањето огласи од нови три огласници на нашиот сајт, на корисниците им овозможуваме пребарување на поголема база со огласи за недвижнини на целата територија на Македонија.“

На НајдиДом.мк можете да ги филтрирате огласите по вид (куќа или вила, стан, деловен простор или земјиште), локација, цена, големина или број на соби. Огласите се прочистени што значи дека само оние огласи кои имаат слики и цена ќе бидат додадени на сајтот, а цените се секогаш изразени во евра со што се постигнува споредливост.

За оние корисници кои се во постојано движење постои и мобилна верзија на сајтот на која што може да пристапите со сите уреди со помал екран како паметни телефони и таблети.

Претходна статијаДигитална приватност – Apple vs FBI
Следна статијаБил Гејтс на страната на ФБИ во случајот со Apple