Bill-Gates_2012907b

Откако досега можевме да прочитаме само за изјави на поддршка од повеќето директори и претставници на познатите технолошки компании кои застанаа на страната на Apple, Бил Гејтс до некаде ги изненади повеќето и излезе со поддршка за ФБИ.

За потсетување, Apple добива поддршка во спротивставувањето на одлуката од калифорниски суд според која се бара тие да развијат решение кое ќе овозможи пробивање на заштитата на iPhone уредот на осомничен за тероризам.

Од Apple бараат јавна расправа за потенцијални последици кои би можеле да настанат со поставување на еден ваков преседан, а исто така тврдат дека властите ќе можат да го искористат решението за пробивање и на други iPhone уреди. Ситуацијата е „интересна“ за следење, а повеќе за неа можете да прочитате на следната статија – Дигитална приватност – Apple vs FBI.

Бил Гејтс во изјава за Financial Times истакнува дека технолошките компании треба да бидат приморани да соработуваат со властите кога се работи за истраги поврзани со тероризам.

„Ова е специфичен случај каде владата бара пристап до информации. Тие не бараат за некое општо нешто, тие бараат за конкретен случај“ истакна Гејтс за Financial Times. Ова не е различно од тоа да некој некогаш требало биде во можност да и каже на телефонската компанија да добие информации, дали некој требало да може да добие банкарски сметки. Ајде да кажеме дека банката има врзано лента околу дискот и каже – Не не’ терајте да ја исечеме лентата затоа што ќе не терате тоа да го правиме повеќе пати.

Ставот на Бил Гејтс дефинитивно се разликува од сите други кои досега можевме да ги прочитаме. Само се поставува прашањето колку останатите се искрени во своите изјави, па дури и Apple во својата „борба“ и кои се шансите сето ова да е борба за углед и придобивање на корисниците.

Инаку, Microsoft досега нема излезено со официјален став, а тоа го нема направено ниту Сатја Надела. Тие досега само го споделија ставот на Reform Government Surveillance (RGS) групата која што ја даде својата поддршка за Apple. Ова се сметаше како мала и „срамежлива“ поддршка од страна на луѓето од Microsoft, па не се зема сериозно како останатите.

Извор: FT, The Verge, Cnet

Претходна статијаНајдиДом.мк додава нови функционалности
Следна статијаSamsung Galaxy S7 и Samsung Galaxy S7 Edge во онлајн претпродажба во Македонски Телеком
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.