Shutterstock.com

Главниот на Instagram во рамки на Meta, Адам Мосери, кој новините на мрежата сака да ги најавува преку видеа на друштвените мрежи, објави дека лајковите кои корисниците можат да ги испраќаат на Stories, веќе нема непотребно да се појавуваат и да го полнат сандачето за пораки.

Корисниците ќе забележат ново копче во форма на срце, поставено помеѓу лентата за пораки и реакции и копчето за нивно испраќање. Со тоа тие ќе можат директно да го „лајкнат“ тоа Story, а лајкот нема да отиде како порака.

Наместо тоа, лајковите преку ова ново копче ќе се прикажуваат во листата на корисниците кои ја имаат видено „приказната“, веднаш до нивното име, односно слично како што е случајот на Facebook.

Овие лајкови остануваат приватни, односно може да ги види само корисникот кој го има објавено тоа Story и нема да се прикажуваат јавно како лајковите на останатите објави, а нема да има ни бројка на добиени лајкови.

Главната цел на оваа промена е тргање на непотребното преполнување на сандачето со пораки кои се само со лајкови, па сега корисниците ќе можат да ја дадат својата поддршка, без потреба од тоа да стане цела порака.

Доколку некој сака реакцијата на приказната да ја искористи како шанса за почеток на разговор, останува можноста за користење на стандардните реакции, како и праќање на порака, наместо користење на новото копче.

Претходна статијаМКЦ: Поништен конкурсот за визуелно решение за јубилејот „50 години МКЦ“
Следна статијаПод мотото „Истражи ја креативноста“ Пакомак заедно со Бимилк и Скопска пивара го распиша овогодинешниот конкурс „Trash for Art“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.