На почетокот од годината во која славиме еден многу значаен јубилеј – „50 години МКЦ“, распишавме конкурс за идејно-графичко решение за визуелно обликување на сите програми и активности што ќе следат низ целата 2022 година.

Намерата беше најискрена: како и многу пати до сега, да ја вклучиме и јавноста, пред сѐ младите автори и преку формат на конкурс да избереме решение, кое сите заедно ќе нѐ обележи, поврзе, обедини и радува.

Но, со оглед на ситуацијата и двојбата што произлезе по објавување на прворангираните решенија, а со цел враќање на позитивната енергија и самиот јубилеј, програмскиот колегиум на МКЦ донесе одлука да не направи избор на идејно решение од апликациите и да го поништи конкурсот.

Би сакале уште еднаш да се заблагодариме и да им честитаме на сите 51 апликант, да се заблагодариме на комисијата и да ви се заблагодариме на сите вас кои имавте трпение да почекате и формално да ги завршиме процедурите на една јавна установа пред да го пренесеме нашиот став.

Следете нѐ деновиве со нови објави за нови настани.

Славењето продолжува!

Претходна статијаБил Гејтс верува дека COVID-19 може да биде последната пандемија
Следна статија„Лајковите“ на Instagram Stories веќе нема да се прикажуваат како пораки