Американскиот рапер Је, односно Кање Вест, ќе стане сопственик на една од најконтроверзните друштвени мрежи, Parler. Сопственикот на мрежата, компанија Parlement Technologies го објави постигнувањето на договорот со Вест и истакна дека очекуваат тој да ги искористи неговите таленти за создавање на вистински „неоткажлива“ околина.

Причината поради која Parler доби голема популарност е обвинувањето дека преку неа, меѓу другите, биле организирани протестите кои завршија со влегување во Конгресот на САД во јануари 2021. Оваа апликација беше дури тргната од Play Store и App Store, но истата подоцна беше вратена со одредени промени во начинот на модерирање на објавената содржина од корисниците.

„Во свет каде конзервативните мислења се сметаат како контроверзни ние мора да се осигуриме дека го имаме правото слободно да се изразиме себеси.“ – истакна Је.

Покрај поради случувањата во Конгресот на САД, Parler е позната и како друштвена мрежа која не прави никаква цензура на своите корисници, а се промовира и како мрежа која во главно се користи од десно ориентираните корисници во САД.

„Овој договор ќе го промени светот, како и начинот на кој светот размислува за слободата на говорот. Је прави револуционерен потег во медиумскиот простор на слободен говор и веќе никогаш нема да треба да се плаши дека ќе биде отстранет од друштвена мрежа. Уште еднаш, Је докажа дека тој е еден чекор пред наративот на стандардните медиуми. На Parlement ќе им биде чест да му помогнат да ги оствари своите цели.“ – истакна директорот на Parlement, Џорџ Фармер.

Од компанијата истакнаа и дека тие ќе продолжат да и пружаат техничка поддршка на Parler мрежата, како и да се користат нивните приватни сервери.

Во време кога постојните друштвени мрежи се повеќе се одлучуваат на буквално цензура, појавата на нови мрежи може да се покаже како доста важно, а едно од најважните случувања е купувањето на Twitter од страна на Елон Маск.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаРецензија Samsung Galaxy Z Fold4 – Големо подобрување на веќе одличниот смартфон на преклопување
Следна статијаPlay Store ќе има нов изглед на таблет компјутерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.