Shutterstock.com

По забраната на апликацијата Parler, која за кратко време стане една од повеќе популарните, Apple оваа недела ќе го дозволи враќањето на апликацијата во AppStore.

До оваа информација доаѓа CNN кои го имаат писмото испратено од страна на Apple до конгресот на САД. Во писмото се истакнува дека апликацијата има направено доволно промени во начинот на којшто ја модерира содржината која се објавува од страна на корисниците, па се што останува е истата да биде повторно објавена во AppStore од страна на компанијата.

Причината поради која оваа апликација беше забранета, не само од Apple, туку и од Google, а и беше скратен и хостингот од страна на Amazon, е обвинувањата дека на мрежата не се прави никакво модерирање на содржината. Ова само по себе не е проблем, па тоа што се истакнува дека апликацијата стана популарна кај десните екстремни движења, кои се поврзуваат и со случувањата во конгресот минатата година, беше причината да истата биде забранета.

Ќе видиме дали по оваа одлука од Apple, истиот пример ќе го следат и другите, а и дали Parler веднаш ќе ја искористи шансата повторно да биде достапна официјално за корисниците.

Инаку, Parler се смета како директна конкуренција на Twitter која ја користат корисниците кои не се задоволни од начинот на којшто функционира Twitter како мрежа. Во главно се истакнува дека се работи за корисници со десната страна во политиката, ако тоа навистина е така.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2CNN
Претходна статијаMicrosoft Edge ќе добие Performance режим за подобро менаџирање на ресурсите кои ги користи прелистувачот
Следна статијаMozilla Firefox 88 донесува нова заштита на приватноста на корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.