Instagram ќе почне да додава автоматски генерирани „титлови“ на видеата објавени на оваа мрежа, за почеток на ограничен број на јазици. Исто така, поради тоа што титловите ќе бидат автоматски генерирани, истите нема да бидат баш најточни секогаш, а тоа сигурно го имате забележано на пример на YouTube.

Од мрежата најавуваат дека со тек на време и со тренирање на вештачката интелигенција, се очекува подобрување на точноста на титловите, како и додавање на повеќе јазици.

Оваа функција како и секогаш веднаш се споредува со TikTok, мрежа која е главен конкурент на Instagram изминатите години, а титлови на TikTok веќе има.

Воведувањето на титловите ќе им овозможи на креаторите да не мора да ги додаваат самите, а за многу тоа ќе претставува големо олеснување на работата, како и можност да дојдат до поголема публика.

Ваквите функции обично се наменети за луѓето со проблеми со слухот, кои мора да имаат титлови за да можат да ги гледаат видеата кај кои зборувањето е важен дел, за разлика од некои каде целта е само да насмеат без никаков говор.

Сепак, колку често се гледаат видеата во денешно време, а посебно Reels, многу корисници ги гледаат со исклучен звук за да не им пречат на луѓето околу нив, а и да не се слуша какви се „глупости“ се гледаат. Затоа титловите може да се најдат како корисни и за овие корисници, кои сега слободно може да ги гледаат видеата со исклучен звук.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаСопственик на позната Kodi база на додатоци се договори да плати казна од 19,5 милиони долари
Следна статијаAmazon влезе на пазарот на „cloud“ гејминг сервиси со пуштањето на Amazon Luna во САД
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.