После одреден период на тестирање на ограничен број на корисници, Amazon официјално го пушти својот сервис за гејминг преку „облакот“ Amazon Luna. Поради тоа што се работи за гејминг преку облакот, не е важно од кој уред се користи сервисот, каков е хардверот и слично, а сите игри се „стримуваат“ на уредот на корисникот.

Поради тоа, Amazon Luna е достапен на сите платформи, односно на мобилните, компјутерите, телевизорите и слично.

За почеток Amazon Luna е достапен само за корисниците во САД, а посебно е истакнато дека се работи само за корисници на главната територија на САД.

За разлика од другите конкурентни сервиси, Amazon Luna функционира на достапност на игрите преку повеќе канали. Секој канал има различен избор на игри, како и различна цена.

За претплатниците на Amazon Prime, има посебен канал кадe игрите се достапни без дополнително плаќање, но достапни се само ограничен број на игри кои ќе се менуваат со тек на време.

Главниот канал е Luna+ каде за месечна претплата од 5,99 долари корисниците добиваат пристап до повеќе од 100 игри, а доколку сакаат да ги играат игрите од познатите Ubisoft, тогаш ќе треба да плаќаат 17,99 долари месечно за Ubisoft+ каналот.

Достапни се и два канали наменети за семејно играње, односно Family каналот и Jackbox Games каналот, а за „постарите“ корисници тука е и Retro каналот со игри како Street Fighter II, Hyper Fighting, Metal Slug 3 и слични.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Amazon
Претходна статијаInstagram видеата добиваат можност за вклучување на автоматски генерирани „титлови“
Следна статијаApple го закажа првиот настан за оваа година на 8 март
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.