Apple официјално го закажа нивниот прв настан за оваа година и тој ќе се одржи на 8 март, односно идниот вторник со почеток во 19 часот по македонско време. Настанот ќе може да се следи во живо, а повторно ќе биде само онлајн, односно нема да има присутни новинари и други фанови на компанијата.

На настанот се очекува да бидат претставени неколку нови уреди, а можно е претставување и на наредната генерација од одличниот чип од Apple, М2.

Како и секогаш, тука се неофицијалните информации да ни најават што е тоа што можеме да го очекуваме.

Нова генерација од iPhone SE веќе неколку пати се најавува. Овој телефон би требало да го задржи својот „застарен“ дизајн, односно поголемите рамки околу екранот, а посебно на горната и долната страна каде уште го има Home копчето со Touch ID.

Тоа што ќе биде променето е чипот кој би требало да е најновиот кој го користи Apple, како и побрз 5G модем.

Се очекува дека новиот iPhone SE ќе биде најевтиниот телефон досега од Apple, па со тоа на многу корисници ќе им овозможи да влезат во Apple екосистемот, барем тие кои досега главна пречка им биле цените.

Покрај овој нов телефон, се најавува и претставување на помал, 13 инчен MacBook Pro кој би требало да работи на M2 чипот, кој од компанијата уште го немаат претставено, а би бил наследник на ланските M1, M1 Pro и М1 Max.

Кога ќе се земат подобрувањата кај Pro и Max верзиите во споредба со првиот M1, може да се очекуваат доста големи подобрувања кај M2 чипот и со тоа Apple да го продолжи менувањето на Intel верзиите од своите компјутери со M верзии.

Покрај овие два уреди, се очекува претставување и на нов iPad Air, како и посилни Mac mini модели кои би работеле на ланските M1 Pro и M1 Max, верзии од компјутерот кои досега доаѓаа со Intel чипови.

Следете го настанот во живо, како и нашата страна, за сите новини кои ќе бидат претставени на 8 март во 19 часот.  

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаAmazon влезе на пазарот на „cloud“ гејминг сервиси со пуштањето на Amazon Luna во САД
Следна статијаНов македонски рекорд во скок во далечина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.