WP_20150623_12_42_28_Pro_LI

Функција за првпат претставена пред 6 години, до оваа недела беше достапна само преку Gmail Labs, односно за корисниците кои што вклучуваат тест функции на email сервисот.

Како што кажува и самото име, Undo Send ви овозможува да го откажете испраќањето на пораката по притискање на Send копчето. Тоа го прави преку одложување на испраќањето на одреден број на секунди, време во кое што можете да се премислите.

Undo Send функцијата ќе биде автоматски вклучена за корисниците кои што ја имале користено до сега преку Labs, а останатите ќе можат да ја вклучат преку General делот во прилагодувањата. Функцијата овозможува избор на времето кое што ќе биде достапно за премислување, односно време од 5, 10, 20 и 30 секунди, по што пораката ќе биде испратена.

Оваа можност е навистина корисна за многу корисници кои што по притискање на Send копчето ќе забележат некоја грешка во пораката или ќе се сетат дека нешто заборавиле да додадат или променат. Ова е посебно корисно кога се испраќаат официјални пораки, па забележувањето на грешка по испраќање на пораката, може да предизвика доста грижи.

Извор: Gmail

Претходна статијаWindows 10 ќе поддржува VR околина
Следна статијаGoogle News Lab – Платформа за унапредување на новинарството
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.