Фото: Windows Central
Фото: Windows Central
Фото: Windows Central

Оваа вест можеби е чудна за корисниците на другите платформи кои што одамна веќе ги користат своите уреди со Facebook апликациите, редовно надградувани и развивани.

Меѓутоа, на Windows, односно Windows Phone платформата ситуацијата е нешто поразлична. Корисниците на оваа платформа иако имаат Facebook апликација, истата е развиена од страна на Microsoft и е далеку со функции од „оригиналната“ достапна на Android и iOS.

На вчерашниот Windows 10 Devices настан кој што го одржа Microsoft во Њујорк, покрај одличните уреди, од компанијата најавија дека Facebook, како и уште неколку други компании најавиле поддршка за платформата и развој на универзални апликации.

Универзалните апликации се концепт од Microsoft кој што треба да овозможи една апликација, со минимални промени во кодот, да може да работи на сите видови на уреди, од десктоп компјутери, таблети, па до мобилните телефони. Апликацијата го прилагодува својот кориснички интерфејс со промената на уредот и со тоа програмерите развиваат една апликација за сите достапни уреди.

Ова е нешто кое што е многу важно за успехот на Windows, платформа која што со примената на овој универзален модел, им овозможува пристап до многу поголем пазарен удел, отколку развивањето само за Windows Phone, на пример.

Од Facebook најавија дека тие ќе претстават универзални апликации за основната апликација, односно за Facebook, како и за Messenger и Instagram.

Покрај Facebook, најавени беа универзални апликации и од CBS, The Weather Channel, Uber и Audible.

Се разбира, ова не е голема бројка на апликации, меѓутоа доколку се покаже успешно кај овие, останатите би биле многу повеќе мотивирани да почнат со развој на Windows.

Извор: Windows Central

Претходна статијаВоени изненадувања на Русија и САД, еден за друг
Следна статијаGoogle Street View официјално достапен во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.