Meta најави промени во делот за гледање на видео содржина кај нивната Facebook апликација, дел кој досега беше наречен Facebook Watch. Со оглед на популарноста на кратките вертикални видеа, односно Reels, јасно е во кој правец ќе се движат од мрежата, а со тоа доаѓа и поедноставено име, Video.

Во делот Video корисниците ќе можат да ги видат на едно место сите видеа, без разлика дали се работи за Reels, стандардни видеа или видеа во живо. Овој дел очекувано ќе зависи во голем дел од предлозите кои Facebook ги смета интересни за корисникот, па нешто слично како во Explore делот во Instagram, корисниците ќе можат да го отворат Video делот за откривање на интересна видео содржина.

Од компанијата најавија и дека корисниците сега ќе можат да коментираат на Instagram Reels директно од Facebook, а веќе одамна овие видеа се достапни кај оваа мрежа во обид да и се задржи популарноста која е отидена во правец на Instagram.

Повторно може да се заклучи дека изминатите години пазарот го диктира TikTok, па повеќето промени што ги гледаме кај апликациите од Meta се во тој правец.

Покрај овие новини, корисниците на Facebook добиваат нови алатки за измена и креирање на видео содржина, алатки кои се во главно достапни за Reels видеа. Со тоа тие ќе можат многу полесно да ги средат видеата кои сакаат да ги објават.

Промените може да се очекуваат наскоро, односно во периодот што следи.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Meta
Претходна статијаПо почетната популарност, конкурентот на Twitter од Meta има голем пад на бројот на активни корисници
Следна статијаЕсенската поголема надградба на Windows 11 ќе биде брза за инсталирање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.