CCzZHIFVIAAsnJO

Сигурен сум дека многу од вас се нашле во ситуација кога треба да објасните некому како да го изговори вашето име правилно, особено кога станува збор за луѓе од друга држава, кои не го зборуваат вашиот јазик. Но исто така претпоставувам дека сте се нашле во ситуација кога некој вам ви објаснувал како да го изговорите нивното име правилно, не? Ова е проблем со кој се соочуваме сите барем еднаш во животот, а понекогаш тој може да предизвика многу дополнителни компликации.

Facebook се обидува да го олесни тој процес со тоа што ќе започне да Ве прашува како да го изговорите вашето име. Едноставно, социјалната мрежа ве прашува како се изговара вашето име. Покрај понудените опции можете да внесете и ваша секвенца за да дојдете до најточниот начин.

Иако оваа опција сè уште не е достапна за сите, се очекува дека во блиска иднина ќе биде. Доколку не се појавила нотификација на вашиот профил за да му кажете на Facebook како би се изговорило вашето име, проверете во табот About дали има ја има опцијата. Доколку ја нема ни таму, немате среќа сè уште, но наскоро би требало да ја добијат повеќето од корисниците.

Извори: TheNextWeb

Претходна статијаХакираните E-mail датабази на Sony објавени на Wikileaks
Следна статијаYouTube ја прекинува поддршката за постари уреди