Фото: Facebook

Иако Facebook и претходно правеше одредени промени за подобрување на приватноста на корисниците и заштита на нивните податоци, сепак повеќето вистински и поголеми промени дојдоа по случајот со Cambridge Analytica.

Поради тоа што главниот проблем што дојде до израз со Cambridge Analytica беше пристапот до информации од корисниците, па и нивните пријатели, од апликации кои слободно може да имаат пристап до што сакаат, без некоја посебна контрола, промените кои Facebook ги воведе се поврзани со тоа.

Во основа, апликациите на Facebook од трети страни, веќе не можат да пристапат до што сакаат, истите подлежат на ревизија од компанијата, а исто така корисниците се подобро информирани кога и кои информации ги даваат на апликациите. Исто така, доколку некоја апликација корисникот не ја користи повеќе од 90 дена, пристапот на истата се исклучува.

Facebook оваа недела самите информираа дека овој систем не функционирал како што е замислено. По истекот на 90-те дена, пристапот до информациите на корисниците не бил прекинат за апликациите на околу 5.000 програмери.

Работата сепак не е „страшна“ како порано, корисниците веќе дале дозвола за пристап до податоците, па апликациите само продолжиле да имаат пристап до истите податоци по истекот на 90 дена, но не добиле пристап до други податоци за кои не била дадена дозвола.

Од Facebook истакнуваат дека веднаш по откривањето на проблемот, истиот бил исправен, но не кажуваат дали овој пропуст бил искористен од некој, како и тоа колку апликации се во прашање и колку корисници се засегнати.  

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаSamsung го претставува најновиот член на Galaxy A фамилијата – моделот A31
Следна статијаДали Samsung „по грешка“ го прикажа Galaxy Note20 Ultra?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.