Познатиот Max Weinbach објави две слики од телефон кој најверојатно е новиот и уште не претставен Galaxy Note20 Ultra од Samsung. Овие слики се земени од руската, украинската и кинеската страна на Samsung за Note8, по што истите биле повлечени.

Нема да навлегуваме во тоа дали ваквите случајни објавувања на производи се навистина случајни и грешка на веб администраторот или компаниите намерно се приклучуваат на интересниот период на неофицијални информации пред официјалното претставување. Остануваат објавените слики за кои може да се каже дека се во правец на тоа што се очекува.

Сликите не откриваат многу за телефонот, односно тие се од дел од задната страна, каде се гледа модулот за камерите, кој е сличен како кај S20 серијата, но сепак до некаде поголем и со променет изглед околу секој од сензорите.

Се гледаат три сензори од камери, „флеш“ сијаличка, како и уште еден дел во кој најверојатно се поставени додатни сензори.

Исто така, од сликите се гледа и новата боја која ќе им биде достапна на корисниците, а според информациите таа го носи името „мистично бронзена“.

Инаку, покрај Ultra моделот, од Samsung се очекува да претстави уште два модели од Note20 серијата, исто како во случајот со S20, па така очекуваме претставување на Note20, Note20+ и Note20 Ultra, но останува да го видиме тоа на почетокот од идниот месец за кога се очекува Unpacked настанот.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаFacebook пристапот до информациите од корисниците продолжил да функционира и кога не требало
Следна статијаНовиот изглед на Старт менито достапен за корисниците на Windows Insider заедно со уште неколку други новини
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.