Facebook направи доста промени после претходните претседателски избори во САД во 2016, најмногу поради огромните критики кои ги доби мрежата, а во тој период и со тие избори излезе и Cambridge Analytica „аферата“.

Колку сериозно, а и дали под нечие влијание, ги има направено промените Facebook, останува да видиме по завршувањето на изборите кои ќе се одржат на 3-ти ноември оваа година.

Во меѓувреме од компанијата излегоа со информации за што е тоа што го имаат преземено до сега, а исто така што планираат да направат околу изборниот процес кој веќе е во тек.

Една од работите кои се новина сигурно ги имаат забележано и нашите корисници, а тоа е посебен информативен центар до кој се доаѓа преку посебни ознаки на одредени објави, на почетокот од апликацијата и слично. Во овој центар корисниците можат да добијат официјални информации за процесот на гласање, како и за резултатите и слично.

Овој центар заедно со ознаките се користи исто така и за означување на објавите кои се сметаат како неточни, но од Facebook истакнуваат дека нивната политика подразбира што помало мешање во тој дел, нешто за кое се критикувани, за разлика од новата практика на Twitter.

Од Facebook најавуваат дека по затворањето на гласачките места по изборите идниот месец, привремено и на неопределено време ќе ги оневозможат политичките реклами во САД. Ова е со цел да се спречат манипулациите кои може да настанат при прогласувањето на победа од двете страни, нешто што кај нас е познато како практика, а на последните избори немаше партија која не ја прогласи својата победа што доведе да до објавата на официјалните резултати, не се знаеше ништо.

Од Facebook исто така планираат да ги означат со повеќе информации објавите кои ќе бидат од кандидатите и тврдењата дека тие се победници пред време. На почетокот од Facebook и Instagram апликациите исто така ќе стои посебна лента на која ќе можат да се добијат официјални информации од проверени и познати медиуми.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаФИТР: Со иновативни проекти во борба против климатски промени
Следна статијаПублицис Скопје, прва македонска агенција со освоена главна награда на фестивалот “SoMo Borac”
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.