Legacy Contact_Timeline

Facebook оваа недела воведе можност за избор на личност која што ќе има одредени можности за менаџирање на вашиот профил, по вашата смрт. Досега постоеше можноста само да се промени профилот, меѓутоа никој не можеше да извршува одредени активности поврзани со него.

Можноста е наречена Контакт Наследник, односно Legacy Contact, личност која што самите ја избирате преку ново поставена опцијата во прилагодувањата за безбедност на вашиот профил. На почеток оваа можност е достапна само за корисниците во САД, а од Facebook најавуваат дека планираат да ја овозможат и на другите корисници. Изборот на наследник на профилот се прави по избор, односно не е нешто што корисниците мора да го направат.

Контактот Наследник се избира преку Settings > Security > Legacy Contact. По изворот на некој од пријателите да биде наследник, истиот може да биде известен преку порака. Во случај на смрт, наследникот треба да го информира Facebook за случајот, по што ќе биде променет профилот и над името ќе биде поставен насловот – Во сеќавање (Remembering).

Legacy Contact_screens

Наследниците на профилот ќе имаат ограничени можности со профилот, односно тие нема да можат да објавуваат во име на починатиот корисник, а исто така тие нема да имаат пристап до пораките на тој профил. При изборот на наследник, може да се дозволи можноста за симнување на сликите, објавите и информациите од профилот од негова страна. Контактот Наследник на профилот ќе ги има следните можности:

  • Пишување на објава која што ќе биде на горната страна до профилот (на пример, најава за одржување на погребот или објавување на некоја друга посебна порака)
  • Одговарање на нови покани за пријателство од членови на фамилијата и пријатели кои што не биле претходно поврзани
  • Менување на главната профил слика, како и насловната слика

Според Facebook воведувањето на вакви можности се предлог на корисниците. Дали според вас вакво нешто е потребно на мрежата и дали би избрале ваш наследник по воведување на можноста во цел свет ?

Извор: Facebook

Претходна статијаНовиот Galaxy S6 ќе има најдобра камера во класата
Следна статијаLG ќе претстави сет за виртуелна реалност за паметниот телефон G3
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.