Почнувајќи од оваа недела Facebook ќе ги известува корисниците кои сакаат да споделат статија која е објавена пред повеќе од 90 денови, односно 3 месеци. Известувањето ќе го добијат при притискање на копчето „share“ со кратка информација за тоа кога е објавена таа статија оригинално.

Корисниците секако можат да одлучат дека продолжат со споделувањето, односно Facebook нема да ги забрани ваквите споделувања, само сака корисниците да бидат информирани дека знаат што споделуваат.

Причината за воведувањето на едно вакво известување е фактот дека статии со одредени информации по одреден период може веќе да не се точни, па со нивното споделување да се добие погрешна претстава за одредена работа.

Од Facebook истакнуваат дека издавачите веќе ја искажале својата загриженост за ваквата појава преку која се овозможува споделување на стари информации како актуелни со што погрешно се прикажува состојбата на актуелните настани.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаYouTube тестира објава на кратки видеа од 15 секунди преку Android и iOS апликацијата
Следна статијаПридружи се на над 20 илјади ентузијасти во мобилна фотографија од Европа кои веќе ги доставија своите уметнички дела на Huawei Next-Image Awards 2020
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.