WP_20150422_13_35_36_Pro

Facebook веќе подолго време е најголемата социјална мрежа во светот, а знаци дека некоја друга ќе и ја загрози позицијата, освен до некаде Twitter, нема. Бројот на корисници е огромен, а исто така мрежата се користи и од страна на голем број на брендови, издавачи, организации и слично.

Кога целата содржина која што се објавува на Facebook ќе се комбинира, се добива една огромна бројка која што треба да биде прикажана на еден корисник. Тука се објавите на пријателите, нивните слики и видеа, работи кои што ги лајкуваат или коментираат на нив, објавите од страните и групите кои што ги следат.

Facebook со цел да не задржи што подолго на страната, а и да не мотивира повторно да се вратиме, редовно го менува алгоритамот кој што ја филтрира огромната количина на содржина која што треба да ни биде прикажана. Алгоритамот ги учи нашите навики и преференции и соодветно на тоа ни ја прикажува содржината.

На сето ова треба да се додаде и изворот на финансирање на мрежата кој што доаѓа од сопствениците на страните кои што веќе неколку години мораат да плаќаат за нивната содржина биде видена од што повеќе луѓе.

Оваа недела Facebook повторно информира дека има направено промени во алгоритамот кои што треба да направат подобар баланс помеѓу содржината кој што доаѓа од пријателите и од страните. Промените се поделени во три дела и ги вклучуваат следните работи:

  1. Стигнувањето до крајот на тајмлајнот ќе биде скоро невозможно дури и за корисниците со мал број на пријатели и страни кои што ги следат. Содржината која што доаѓа од еден извор ќе биде прикажувана повеќе пати, наместо како досега само еднаш. Оваа промена може да се каже дека ќе биде од корист на сопствениците на страните, а корисниците кои што ги следат ќе добиваат нешто повеќе содржина од нив
  2. Содржината која што е објавена од страна на пријателите ќе биде поставена погоре на тајмлајнот на сметка на другите видови на содржина
  3. Бројот на прикажувања на работите кои што ги лајкуваат пријателите, како и објави на кои што тие коментираат се пријавени како содржина која што корисниците не сакаат да ја гледаат толку често. Овој вид на содржина ќе биде со намален приоритет, односно ќе биде поместена подолу.

Во главно може да се каже дека Facebook страните повторно ќе бидат на удар со овие промени. Освен првата промена, втората и третата потенцијално ќе ја намали бројката на корисници кои што ќе имаат шанса да ја видат нивната содржина, па интеракцијата со страните ќе остане само со оние корисници кои што навистина имаат желба да ја видат нивната содржина.

Извор: Facebook

Претходна статијаQualcomm ќе го произведува Snapdragon 820 во фабриките на Samsung?
Следна статијаBloomberg: Елон Маск за малку ќе ја продадел Tesla на Google
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.