Фото: Shutterstock.com

На прашање насочено кон него на Twitter, дали би размислил да развие нова друштвена мрежа, Елон Маск одговори кратко дека „сериозно размислува за тоа“.

Овој одговор може да се поврзе и со објава од Маск од пред некој ден каде тој ги обвинува Twitter дека не се придржуваат до принципите за слободен говор и дека со тоа се поткопува демократијата.

Ова секако не е првата, а ни последна критика насочена кон Twitter, а сличен е случајот со Facebook. Двете најголеми друштвени мрежи може слободно да се каже дека применуваат цензура поради тоа што тргаат објави кои единствен проблем им е несогласувањето со кажаното, а не нешто што навистина не би требало да биде објавено.

Од слични причини Доналд Трамп најави, па отвори сопствена друштвена мрежа, но останува да видиме дали истата ќе привлече доволно корисници и дали ќе се придржува до принципите на слободен говор, како што на големо се најавува.

Колку навистина се сериозни плановите на Елон Маск, во оваа фаза не може да се знае, па најверојатно сега за сега се работи само за обични објави на Twitter, но ништо повеќе.

Претходна статијаФИТР: Девет иновативни Стартап херои ги пласираа производите во „Тинекс“
Следна статијаWizz Air го објави новиот зимски распоред 2022-2023
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.