Фото: Shutterstock.com

Како што беше најавено, денеска на 21 февруари, Truth Social, друштвената мрежа на Доналд Трамп официјално започнува со работа. Апликацијата од мрежата е достапна во App Store на iOS, а за почеток само во САД.

Според првичните информации, ќе помине одреден период додека мрежата целосно биде средена за користење, односно доста корисници не можеле да се регистрираат или да бидат додадени на листата на чекање. Тука се и неколку функции кои се очекува дека ќе бидат пуштени до крајот на март, како можност за испраќање на пораки и слично.

Truth Social е направено во стилот на Twitter, а дури може да се каже дека е скоро иста. Наместо „твитови“, на оваа мрежа се објавуваат „вистини“, односно „truths“, а достапно е и нивно споделување.

Главната причина поради која Доналд Трамп се одлучи за пуштање на сопствена друштвена мрежа е неговото бришење и забрана за користење на Twitter и Facebook. Негов главен начин на комуникација беше преку Twitter, од каде и сличноста на апликациите, па бришењето на неговиот профил го остави без стандардната можност за комуникација со јавноста.

Twitter и Facebook често се обвинувани дека прават преголема контрола на објавената содржина и дека тоа не оди во правец на јавноста на овие платформи кои сепак не се обични веб страни каде уредникот слободно може да одлучува што смета дека треба, а што не треба да биде објавено.

Според доста линијата на модерирање на содржината треба да биде повлечена кај објавите кои повикуваат на насилство, омраза и слично, но не и на секаква содржина со која некој не се согласува и смета дека треба да биде тргната.

Во САД веќе со години главна карактеристика на екстремната лева страна во политиката стана борбата со неистомислениците, од нивно откажување до казнување и слично, само поради разликата во ставови.

Дали Truth Social ќе понуди алтернатива за оваа состојба, не само на десно ориентираната публика, ќе покаже времето.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаИнспектор Грејс (Grace): Ексклузивна премиера на детективската серија на Pickbox NOW
Следна статијаСтотата верзија од Chrome, Edge и Firefox може да им направи проблем на одредени веб страни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.