Феноменалната нова британска детективска серија Инспектор Грејс (Grace, 2021-) пристигнува на Pickbox NOW на 25 февруари. Заснована на романите на авторот Питер Џемс, серијата ги следи случаите на детективот Рој Грејс, кој својот живот ѝ го посветил на детективската работа. Главната улога ја игра британскиот актер Џон Сим (Strangers, Doctor Who, Life on Mars).

ВИСТИНСКО ДЕТЕКТИВСКО УЖИВАЊЕ

Инспектор Грејс е вистинска детективска серија, на што во прилог оди и фактот дека се темели на фасцинантната серија романи на авторот Питер Џемс, кои се преведени на 37 јазици, со продажба од над 20 милиони примероци низ светот. Сега имаме можност да ја гледаме феноменалната екранизација на популарниот детектив Грејс, чии приказни ќе ве заинтригираат.

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Британската детективска серија се состои од две епизоди кои се темелат на две приказни во серијата романи: Dead Simple и Looking Good Dead. Упорниот и вреден детектив од Брајтон, Рој Грејс (John Simm), својот живот ѝ го посветил на детективската работа, но неговата кариера моментално е во најлошата можна фаза. Протеран е да се занимава со одамна заборавени случаи, а исчезнувањето на неговата сакана сопруга Сенди и натаму го прогонува. После уште еден укор поради неговите неортодоксни методи, на Грејс му се заканува отказ.

Знаејќи дека Грејс може подобро, неговиот колега, детективот Глен Бренсон, го моли за помош во еден случај. Почнуваат да работат на случај на исчезнат младоженец, успешен градежник кој има прекрасен живот. Со помош на инстинктот, сомничавоста и опсесивната природа, Грејс упорно се обидува да ја открие вистината.

ЧЛЕНКА НА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО САКА ДА ГЛУМИ МРТОВЕЦ

Интересен е фактот дека Камила, војвотката од Корнвал, голема обожавателка на писателот Питер Џемс, изразила желба за мала улога во серијата – имено, би можела да се појави како мртовец во следната сезона!

Првата сезона на британската детективска серија Инспектор Грејс (Grace) гледајте ја на Pickbox NOW од 25 февруари!

Претходна статијаFoxconn има започнато со тест производство на iPhone 14 со промени во дизајнот
Следна статијаДруштвената мрежа на Доналд Трамп, Truth Social официјално пуштена на iOS во САД