После повеќе шпекулации и пуштање на кратко време на блог, Доналд Трамп официјално ја претстави својата друштвена мрежа која треба да им конкурира на постојните мрежи. TRUTH Social е името на мрежата и според најновите информации, истата можно е официјално да биде пуштена на 21ви февруари.

Датата доаѓа од iOS верзијата на апликацијата каде истата уште не може да се инсталира, но може да се направи „пред нарачка“. На страната на TRUTH Social моментално нема линк до Android верзија од мрежата, па сега за сега не е познато дали истата ќе биде веднаш пуштена или корисниците ќе мора да почекаат уште некое време.

Главната друштвена мрежа на Доналд Трамп беше Twitter, од каде беше „избркан“ после случувањата пред американскиот Конгрес за време на потврдувањето на изборните резултати од претседателските избори во 2020.

Трамп, кој не ретко го критикуваше начинот на одлука која содржина да биде дозволена на друштвените мрежи, уште тогаш најави дека ќе креира нова мрежа која нема да одлучува што може да биде објавено, односно нема да врши цензура.

Името на новата мрежа од тој аспект не е случајно, а исто така оди во правец на обвинувањата на левата страна во САД за честа цензура, односно спречување на вистината.

Од тоа што може да се види од сликите кои се објавени од TRUTH Social апликација за iOS, истата е направена со скоро ист дизајн како Twitter. Ова не треба да изненади, со оглед на тоа што Twitter беше омилениот начин на комуникација со јавноста на Трамп, а неговата сметка имаше повеќе милиони следбеници.

Новата друштвена мрежа на Доналд Трамп е дел од неговата Trump Media & Technology Group (TMTG) компанија, која за време на најавата на TRUTH Social најави дека се спојува со Digital World Acquisition Corp. (DWAC). Со ова спојување се најавува и дека вредноста на компанијата ќе биде околу 875 милиони долари, со можност за дополнителни 825 милиони. Покрај друштвената мрежа, од компанијата се најавува и пуштање на сервис за стриминг на видео TMTG+. Како главна карактеристика на TMTG+ се истакнува содржина која нема да биде „woke“, нешто што ја преполни, посебно новата, содржина на Netflix.  

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаВо тек е пријавувањето за првите награди за е-трговија организирани од АЕТМ
Следна статијаArcher AXE200 Omni прототип рутерот од TP-Link доаѓа со антени кои автоматски се насочуваат за подобар сигнал
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.