Shutterstock.com

На задоволство на одредени групи кои одамна ја притискаат мрежата, Twitter вчера „перманентно ја суспендира“ сметката на претседателот Доналд Трамп. Тоа значи дека тој веќе не може да го користи својот омилен начин за комуникација со јавноста, барем не преку оваа мрежа.

Суспензијата доаѓа неколку денови по означувањето и тргањето на твитовите од Трамп поврзани по случувањата во Вашингтон за време на седницата за верификација на гласовите од изборниот колеџ од изборите во САД кои го прогласуваат како победник Џо Бајден.

Од Twitter како причина за суспензијата ја истакнуваат напнатата ситуација која е моментално во САД, а објавите од Трамп придонесуваат за нејзино зголемување и можност за повторни случувања како во средата на 6-ти јануари.

Групата која влезе во Конгресот се смета за поддржана од страна на Доналд Трамп, а случувањата се истакнува дека се планирани со недели и поттикнати од претседателот.

Доналд Трамп уште пред претседателските избори најавува дека тие нема да бидат фер, а потоа ги означува како наместени. Иако за начинот на местење на изборите беа изнесени повеќе обвинувања, истите не успеаја да поминат во ниту еден суд, со што се сметаат за неосновани.

Апликацијата од алтернативниот сервис на Twitter, Parler, кој стана популарен кај американската десница и конзервативците, беше тргната од Play Store, а се најавува дека истото може да го направи и Apple од нивниот App Store.

Без разлика на обвинувањата за нерегуларности на изборите, влезот во Капитол зградата направи да и Републиканците, барем голем дел од нив, се откажат од поддршката за Трамп и да се изгласа потврдата за победата на Бајден. Со тоа и официјално Бајден ќе стане претседател на САД почнувајќи од 20 јануари.

ИЗВОРTwitter
Претходна статијаТИРЗ: Во 2020 исплатени над 10 милиони евра државна помош за странски инвестиции
Следна статијаТри дена до претставувањето на Galaxy S21 – што може да се очекува да биде претставено
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.